Јавен повик до граѓанските организации за поднесување предлог-проекти
June 14, 2023
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за граѓански организации регистрирани во Северна Македонија, кои се занимаваат со промовирање на транзициската правда и социјална кохезија и заштита на човековите права. Јавниот повик се објавува како дел од регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП. Имплементацијата на проектот започна на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години.
Со проектот се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово*. Поконкретно, во Република Северна Македонија, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активности за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации. Севкупно, сите интервенции имаат за цел подобрување на дијалогот во рамките на општествата и помеѓу етничките групи околу минатите конфликти, сѐ со визија за постигнување одржлив мир во регионот и создавање поотпорни општества и посилна општествена кохезија.
Во Северна Македонија, проектот ќе соработува grassroot чинители за подигање на јавната свест, вклучително и поттикнување дијалог и размена меѓу широк спектар засегнати страни, особено младите и идните креатори на јавното мислење за да придонесе кон градење доверба преку јавно застапување и активизам за промовирање на помирувањето, меѓуетничкиот дијалог, и дијалогот околу минатото.
Краен рок за пријавување на повикот: среда, 12 јули 2023 година, до 17:00 часот.
Минималниот износ по грант е 5.000 евра, а максималниот износ е 20.000 евра.
Предложениот проект може да трае минимум 4 месеци, а најмногу 24 месеци.
Повеќе информации за условите за поднесување на предлог-проектите и критериумите за избор, како и формулари за аплицирање се достапни на следните линкови:
- Јавен повик за поднесување предлог-проекти
- Водич за поднесување предлог-проекти
- Формулар за предлог-проект
- Формулар за буџет
- Изјава за непостоење двојно финансирање
- Договор за партнерство
Јавниот повик и придружните документи на албански јазик се достапни на следните линкови:
- Thirrje publike për organizatat e shoqërisë civile që të dorëzojnë projekt propozime
- Udhëzues për dorëzimin e propozimprojekteve në thirrjen e parë publike për organizatat e shoqërisë civile
- Propozimprojekti
- Propozimbuxheti
- Deklaratë për financim të dyfishtë
- Marrëveshja e Partneritetit
Јавниот повик и придружните документи на англиски јазик се достапни на следните линкови:
- Public call for project proposals
- Guidelines for applying
- Project proposal
- Budget proposal
- Declaration of absence of double financing
- Declaration of partnership
*За Европската Унија, оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за прогласувањето независност на Косово. За УНДП, сите референци за Косово се подразбираат во контекст на Резолуцијата 1244 (1999) на Советот за безбедност.