Јавен повик за општини за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“

June 21, 2022

 

Проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ е финансиран од Швајцарската амбасада и од Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и ко-финансира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). Други партнери во спроведување на проектот се Министерството за финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Здружението на финансиски работници (ЗФР), UN Women, NALAS, организации од граѓанскиот сектор, како и единиците на локална самоуправа во Северна Македонија.

Главна цел на проектот е унапредување на поддршката за развој на локалните самоуправи, првенствено преку зајакнување на општинските совети кои ќе бидат во можност ефективно да ги исполнат нивните доделени улоги на претставување, надзор и донесување општински одлуки со активно вклучување на граѓаните.

Понатаму, проектот цели и кон унапредување на системот на локална самоуправа, децентрализација и поквалитетни услови за живот во локалните заедници, преку подобрување на развојните политики и правната рамка за локален развој и децентрализација, дигитализација на општинските услуги, зголемување на транспарентноста и учеството на граѓаните на локално ниво, како и борбата против корупција.

Промовирањето на принципите на родова еднаквост и еднакви можности за сите, социјална кохезија, заштита на животната средина, како и зајакнување на меѓу-општинската и меѓу-секторската соработка се дел од трансверзалните теми на овој проект.

Главните компоненти на проектот во чија реализација општините ќе бидат вклучени како партнери, а воедно и како корисници на проектот се:

  • Системско и одржливо подобрување на работата на општинските совети и унапредување на системот на локална самоуправа;
  • Зголемување на учеството на граѓаните за одржлива локална демократија и подобрување на животот на сите граѓани (жени и мажи);
  • Подобрување на општинските услуги преку воведување нови технологии и иновации.

За времетраењето на проектот од 2022 до 2027 година, вкупно 40 општини ќе бидат директно вклучени во спроведување на проектот. Партнерските општини ќе бидат избрани преку јавни повици и врз основа на претходно утврдени критериуми за избор (урбани и рурални општини, различен број на жители, општини од различни плански региони, општини раководени од позиција и опозиција, итн). 

Овој Повик за изразување интерес за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ е наменет за општините коишто не биле директно вклучени во првата фаза на проектот во периодот 2016 - 2021 година, како и општините кои беа избрани во текот на 2022 година.

На овој повик, врз основа на предвидените услови и исполнување на критериумите за селекција, ќе се изберат вкупно 10 нови општини кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на проектните активности во текот на 2023 и 2024 година. Со избраните општини УНДП ќе потпише Меморандум за соработка, согласно кој се утврдуваат активностите и обврските на вклучените страни.

Времетраењето на активностите со новите десет селектирани општини е 15 месеци, кои е предвидено да започнат со имплементација во април 2023 година и да завршат во јуни 2024 година.

 

ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите потребни за аплицирање може да ги симнете со кликнување на следните линови:  

Апликациите се поднесуваат електронски, по e-mail на следната e-mail адреса: fisnik.shabani@undp.org.

Со цел пријавите да бидат евалуирани за прифаќање, истите мора да пристигнат на горенаведената e-mail адреса најдоцна до 28 февруари 2023 година до 16:00 часот.