Повик до граѓански организации за поднесување предлог-проекти со фокус на сузбивање на родово-базирани дезинформации

April 1, 2024

 

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за граѓански организации регистрирани во Северна Македонија, кои се занимаваат со родова еднаквост и/или медиумска писменост и дезинформации. Јавниот повик се објавува како дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со дезинформации и родово базирани дезинформации“ е имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е дел од UNDP Funding Windows, финансиран со поддршка на Данска, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска.

Проектот има за цел да ги зајакне општествените капацитети и да ги мотивира заедниците за да се спречи ширењето на дезинформации, вклучувајќи ги и родовите дезинформации. Преку зајакнување на улогата на медиумите, граѓанските организации (вклучувајќи ги и женските организации), граѓанските групи, жените активистки и локалните власти, проектот ќе придонесе за создавање отпорно и информирано општество. Активностите се фокусирани на промовирање учество засновано на информираност и ќе овозможат пристап до проверени, квалитетни информации и на зголемување на јавната свест во однос на негативното влијание на дезинформациите и родовите дезинформации врз демократските процеси и родовата еднаквост.

Времетраење на предложениот проект: 45 дена, со можност за продолжување

Краен рок за процесот на аплицирање: 12 април 2024 година, петок, до 17:00 часот

Минималниот износ по грант е 5.000 американски долари

Максималниот износ по грант е 7.000 американски долари 

Повеќе информации за условите за поднесување на предлог-проектите и критериумите за избор, како и формулари за аплицирање се достапни на следните линкови: