Јавен повик за работодавачи за учество на онлајн дигитални обуки наменети за невработени лица, тековни практиканти и лица ангажирани по договор на дело

March 29, 2023

 

Јавен повик за работодавачи за учество на онлајн дигитални обуки наменети за невработени лица, тековни практиканти и лица ангажирани по договор на дело

Дали сте компанија која има визија и ги следи трендовите кои ги наметнува новото дигитално време? 

Дали имате потреба од нови лица во вашата компанија, практиканти или тековни соработници кои можете да ги обучите според вашите потреби? 

Кoнечно имате можност да изберете лице и да му дадете шанса да се здобие со нови дигитални вештини. Потоа може да го ангажирате според своите потреби како дел од тимот кој победува!

Ви нудиме извонредна можност за 70% ко-финансирање на онлајн дигитални обуки кои се барани на пазарот и можат да ви помогнат како нов импулс за развој на вашата компанија. Вие треба само да изберете невработено лице за обука, кое можете потоа да го ангажирате на различни начини. Лицето можете, но не морате да го вработувате!!! Тоа значи дека може да го ангажирате како практикант, по договор за вршење услуги или на било кој друг начин во зависност од вашите можности  и потреби.  Или едноставно да ја искористите можноста како еден вид стипендирање на младо перспективно лице од вашата поблиска или подалечна околина. Тоа може да го направите и како една социјално одговорна компанија која вложува во млади кадри кои и се потребни на државата во денешното дигитално време. Или да го понудите како поддршка за лица од семејствата на вашите вработени. 

Обврска на работодавачот е да ја ко-финансира обуката во вкупна сума од 8.670 мкд по лице.  Сумата ќе треба да се уплати директно на сметката на давателот на обуките Семос едукација пред почетокот на курсот. Разликата до вкупната цена на курсот ја покрива Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Дозволена е пријава и на повеќе од едно лице.

Обуките ќе бидат испорачани онлајн  според најсовремени методи за учење на далечина. Истите ќе се спроведат од страна на СЕМОС Едукација како еден од најискусните тренинг центри во Македонија. Понудените обуки се дел од курсевите во Семос едукација и тоа во следните атрактивни области:

  1. Администрирање на мрежни уреди и мрежно поврзување – Мрежен администратор 
  2. Дигитален маркетинг и менаџирање на социјалните медиуми – Дигитален маркетер
  3. E- продажба и развој на е-продавници – Специјалист за Е- commerce 
  4. Анализа на податоци со Power BI и Python – Дата аналитичар 
  5. Развој на адаптивни веб и мобилни апликации со JavaScript технологија– JavaScript Web девелопер

Подетално разработена програма за секој од понудените обуки може да погледнете тука 

Институција која огласува: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот – Креирање можности за работа за сите – Главна фаза, финансиран од швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ). Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават тука и да го одберат било кој курс за онолку кандидати колку што сакаат да испратат на обука. 

Рок на пријавување: тековно, до искористување на постоечките средства. Побрзајте со пријава со оглед дека курсевите започнуваат набрзо во месец април 2023. Учесниците на обуките ќе бидат селектирани според принципот прв-пријавен-прв-услужен.  

Контакт:  За повеќе информации, контактирајте не’ на телефон: 070 337 398, и следете ја веб и ФБ страницата на УНДП и Семос Едукација.