Јавен повик до Здруженија на граѓани / невладини организации

Posted June 14, 2022

Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство  со  УНДП  -  Швајцарската  агенција  за  развој  и  соработка,  на  ден 15.06.2022 година се објавува:

 

Јавен повик до Здруженија на граѓани/невладини организации

Се повикуваат сите заинтересирани постоечки Здруженија на граѓани/ невладини организации кои имаат желба и мотив да станат даватели на социјални услуги во домот и заедницата, да се пријават во работните клубови на Агенцијата за вработување за учество во оваа мерка.

Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на Здруженијата на граѓани/невладини организации во создавање на одржлив и успешен субјект/давател на социјални услуги:

- Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни обуки;

- Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги во износ од 30 780 (бруто) денари во период од 10 месеци;

- Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување;

- Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес.

Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации за учество на мерката може да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при  имплементацијата  на  програмите  и  мерките  за  вработување,  како  и  услугите  на  пазарот  на  трудот, односно:

- Справување со негативните ефекти и последици врз  пазарот  на  труд  и  вработеноста,  предизвикани  од пандемијата на COVID-19;

-   Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова,  религиозна,  расна  или  било  која  друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;

 

Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и Здруженијата  на  граѓани/невладини  организации  ќе  бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организациии треба да пополнат Пријава за учество во Центрите за вработување секој работен ден од 09 до 14 часот.

Покрај  пријавата,  заинтересираните  Здруженија  на  граѓани/невладини  организации  треба  да  достават  пополнет Апликативен формулар и документи за поддршка наведени во Апликативниот формулар во скенирана форма на е- маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org

Апликативниот формулар за мерка 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, може да се преземе на овој линк.  

Детални информации за мерката се достапни тука, а дополнителни информации може да добиете на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адресата: rabotaimoznosti.mk@undp.org

Лица за контакт за повеќе информации:

Зерина Рамиќевиќ (zerina.ramikevik@undp.org) и

Викторија Нешковска Каракотева (viktorija.neshkovska@undp.org)