Концепција за средно образование на возрасните

Концепција за средно образование на возрасните
December 9, 2022
Образованието на возрасните во меѓународни рамки се препознава како суштински двигател на општествениот развој и на економскиот раст. Тоа игра клучна улога во создавањето подобри работни места, го зголемува квалитетот на животот, го унапредува личниот развој и активното граѓанство. Од тие причини, образованието на возрасните во рамките на ЕУ во последните две децении претставува и политички приоритет.