Проект: „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“
Резултати од јавен повик до граѓански организации за поднесување предлог-проекти
November 3, 2023
Јавниот повик е објавен како дел од регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На првиот јавен повик пристигнаа дваесет и два предлог-проекти поднесени од дваесет и една граѓанска организација, од кои четири се одобрени за финансирање и една е условно одобрена за финансирање.
Предлог проекти кои се одобрени за финансирање:
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ | НАЗИВ НА ПОДНОСИТЕЛОТ | ОДГОВОРНО ЛИЦЕ |
---|---|---|
Младите за соживот и мултиетничка толеранција – ЗАЕДНО | Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје | Билјана Младеновска |
Превенција на насилство поттикнато од етничка нетрпеливост преку музика | Здружение за мултиетничко музичко образование РОМА РОК СКУЛ, Скопје | Алма Мустафовска Салимовска |
Младински активизам за инклузивно општество | Здружение на граѓани Институт за човекови права Скопје | Маргарита Цаца Николовска |
Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа | Младински сојуз – Крушево | Методија Стојчески |
Предлог проект кој е условно одобрен за финансирање:
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ | НАЗИВ НА ПОДНОСИТЕЛОТ | ОДГОВОРНО ЛИЦЕ |
---|---|---|
Младински активизам за мултикултурализам – да се негува, да се дејствува! | Здружение за истражување на политики Аналитика Скопје | Тамара Мијовиќ Спасова |
Предлог-проекти кои не беа избрани за финансирање во согласност со критериумите за избор се:
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ | НАЗИВ НА ПОДНОСИТЕЛОТ |
---|---|
Што понатаму | Хелсиншки комитет за човекови права |
Справување со минатото, градење одржлива иднинa | Институт за јавни политики Арбен Џафери Скопје |
Шуто Оризари, во срце те носиме | Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе |
Иницијатива за меѓуопштествен и меѓуетнички дијалог | Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица |
Младите темел на мултикултурна заедница | Хуманитарно Здружение Мајка |
17 часот / Ora shtatëmbëdhjetë | Форум Цивилен мировен сервис (Форум ЗФД) |
Mладите за помирување | Здружение Мултикултура |
Организирање на заедницата за зголемена меѓуетничка комуникација и толеранција | Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ |
Правда по конфликт: расплетување на транзициската правда во Северна Македонија | Форум Цивилен мировен сервис (Форум ЗФД) |
Господин и Госпоѓа Фала Faleminderit | Центар за современа уметност и култура – АТО Битола |
Културна интеграција и културна стратификација на заедниците во Гостивар | Здружение Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог Гостивар |
Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан | Здружение за пренесување на гласот на обесправените – електронски медиум ГЛАСНИ ИДЕИ – СКОПЈЕ |
Против говор на омраза до мултикултурно општество | Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес – Скопје |
Преку јавно застапување од младински критички форум до дијалог меѓу заедницата | Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив – Прилеп |
Мoдул – Отворени податоци: Социјалната кохезија низ призма на етничка припадност, род и локација | Институт Демократика – Валандово |
Градиме заедничка иднина – младите, транзициската правда и одржливиот мир | Здружение за подигнување на јавната свест за општествено корисни цели НИЕ СИТЕ Скопје |
Едно небо за сите | Центар за правна помош РОМИ ЈУСТИЦИЈА Скопје |
Резултатите од јавниот повик се достапни на албански јазик на овој линк.
Резултатите од јавниот повик се достапни на англиски јазик на овој линк.