Повик до даватели на сместување за учество во Програмата за одржлив туризам во преспанскиот регион

June 26, 2025
Stone building with a balcony surrounded by green foliage and trees.

 

Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“ е насочен кон одржливо управување и користење на природните ресурси во преспанскиот регион, со цел подобрување на квалитетот на живот и економски развој преку нови „зелени“ патишта во земјоделството и туризмот. Како дел од проектот, ќе се обезбедат мерки за зајакнување на капацитетите и директна финансиска поддршка за заинтересираните страни за проширување и/или подобрување на сместувачките капацитети, маркирање и развој на велосипедски и пешачки патеки, промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, како и развој на нови или унапредени одржливи туристички производи поврзани со заштитените подрачја (Национални паркови Пелистер, Галичица, Езерани и Преспанското Езеро) и со руралните заедници во нивна близина.

Програмата за одржлив туризам во Преспа ќе ги адресира идентификуваните предизвици во туризмот преку обезбедување поддршка за:

I. Јакнење на локалните капацитети за одржлив туризам. Поддршката за одржлив туризам ќе ги зголеми вештините и капацитетите на граѓаните во регионот на Преспа, со што ќе се овозможи дополнителен приход за семејствата и сопствениците на мали бизниси. Проектот ќе ја поддржи имплементацијата на програмата за развој на капацитети за одржлив туризам за заинтересираните страни поврзани со туризмот. Програмата за развој на капацитети ќе опфати теми како:

  1. Водење сопствен бизнис како давател на туристички услуги и управување со сместувачки капацитети како bed and breakfast и мали хотели,
  2. Управување со привлекување посетители, маркетинг за мали бизниси и грижа за клиентите, и
  3. Креирање на нови туристички производи.

Избраните консултанти истовремено ќе обезбедат менторска поддршка за корисниците кои ќе ги спроведуваат активностите за одржлив туризам.

II. Директна финансиска поддршка за одржлив еко-туризам. Директната финансиска поддршка ќе го дополнува развојот на капацитетите. Поддршка ќе се обезбедува за проекти, но не ограничено на: проширување и/или унапредување на капацитетите за сместување, изградба на велосипедски и пешачки патеки, промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, проширување на постоечки или нови сместувачки капацитети и лансирање на нови или унапредени производи поврзани со заштитените подрачја (Национални паркови Пелистер, Галичица, Езерани, Преспанско Езеро) и руралните заедници во нивна близина. Локалните корисници ќе мора да обезбедат кофинансирање од најмалку 25%. Просечната индивидуална финансиска поддршка ќе изнесува меѓу 20.000 и 30.000 евра.

Цели и резултати на проектот

Како резултат на проектот се очекува промоција и диверзификација на одржливи туристички производи преку зголемени капацитети на домаќинствата, давателите/операторите на туристички услуги, органите за управување со заштитените подрачја и граѓанските организации. Ова ќе се постигне преку насочени обуки за одржлив туризам и директна финансиска поддршка за имплементација на одржлив еко-туризам.

Клучните развојни резултати што ќе се мери со Програмата за одржлив туризам во Преспа ќе бидат оценувани преку следниве три главни индикатори:

  • Дополнителни километри велосипедски/пешачки патеки
  • Број на поддржани даватели на сместување/услуги и традиционални куќи во регионот на Преспа
  • Број на нови одржливи туристички производи ставени во употреба

Потенцијални корисници на грантовата шема за сместувачки капацитети

Потенцијалните корисници мора да вршат туристички дејности како физички лица – сопственици на самостојна дејност, регистрирани во трговскиот регистар (туристички оператори), согласно условите и на начинот пропишан со Законот за туристичка дејност на Република Северна Македонија[i]. Право на учество во овој повик имаат физички лица кои, согласно одредбите од овој закон, се регистрирани или се во процес на регистрација во регистарот што го води градоначалникот на општина Ресен и кои се занимаваат со туристички дејности.

Поддршка ќе изнесува меѓу 20.000 и 30.000 евра.

Грантова шема

Проектот ќе обезбеди грантови за сместувачки капацитети во преспанскот регион во износ од 20.000 до 30.000 евра по еден апликант, со задолжително кофинансирање од најмалку 25%.
Максимално до 500.000 евра ќе бидат достапни за овој повик.

Подобна дестинација

Сместувачките капацитети кои се наоѓаат исклучиво на територијата на Општина Ресен се прифатливи за учество во овој повик.

Детална процедура за аплицирање, процес на имплементација вклучувајќи клучни одговорности и рокови

Ќе се применува двостепен процес за Повикот за апликации за даватели на сместување. Овој двостепен пристап обезбедува поедноставен процес на селекција, при што се намалува непотребниот напор од страна на апликантите.

Чекор 1: Изразување на интерес

Цел: Да се процени интересот и да се предквалификуваат апликантите врз основа на минималните критериуми за подобност.

Барања за поднесување:

Пополнет формулар за апликација приклучен на овој повик, кој вклучува

Основни информации за апликантот (име, контакт податоци, тип на субјект и сл.).

  • Основен опис на сместувачкиот капацитет (локација, капацитет, вид на услуга и сл.).
    • Доказ за исполнување на основните критериуми за подобност (на пример, легална регистрација, дозволи, работно искуство).
    • Краток преглед на предложената намена на објектот.

Дополнителни документи кои треба да се достават:

☐ Копија од личен документ со адреса на живеење

☐ Копија од Имотен лист за предложената интервенција

Критериуми за евалуација за потесен избор (максимум 100 поени) 

1. Регистрација и законска усогласеност (10 поени)
2. Оперативен статус и искуство (15 поени)
3. Тип и капацитет на објектот (10 поени)
4. Еколошки или мерки за одржливост во предлогот (15 поени)
5. Образложение и изводливост на предложената намена на грантот (20 поени)
6. Приоритет на локацијата (рурално подрачје[1]) (10 поени) 
7. Престој/живеење во општина Ресен (10 поени)
8. Вклученост на млади и родова инклузивност (10 поени)

Евалуација

Апликациите треба да ги исполнуваат следните минимални барања:

Исполнување на условите за подобност [Задолжителни пред евалуација] 
☐ Физичко лице кое се занимава (или има намера да се занимава) со туризам согласно Законот за туристичка дејност. 
☐ Регистрирано (или во процес на регистрација) во општинскиот туристички регистар. 
☐ Објектот е лоциран на територијата на Општина Ресен (Имотен лист). 
☐ Обврска за кофинансирање од најмалку 25% 
  

Апликантите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани да поднесат целосна апликација.

УНДП си го задржува правото да спроведе директни интервјуа со кандидатите пред донесување на конечната одлука.

Рок

30 јули 2025 

Начин на аплицирање: Печатена верзија на Формуларот за апликација и потребните документи да се поднесат во Канцеларијата на проектот во Општина Ресен на следната адреса:

До УНДП

Плоштад Цар Самоил бр. 20

7310 Ресен

Или преку електронска пошта на следните е-маил адреси:

marijana.milevska@undp.org и

goce.bogoevski@undp.org

Откако ќе заврши проверката на подобноста на Изразот на интерес, подобните апликанти ќе бидат поканети да подготват целосни предлози во зададениот временски рок.

Чекор 2: Поднесување на целосна апликација

Цел: Да се соберат детални предлози од предквалификуваните апликанти.

Барања за поднесување:

  • Одобрение за реконструкција или градежна дозвола
    • Основен проект
    • Јасно дефиниран буџет
    • Доказ за искуство во туризам/управување со сместување
    • Усогласеност со безбедносни, еколошки и оперативни стандарди
    • Секој друг дополнителен поддржувачки документ (лиценци, сертификати и сл.)

Критериуми за евалуација на целосни апликации (максимум 100 поени)

1. Усогласеност со регулативи и стандарди (30 поени)
2. Финансиска одржливост (20 поени)
3. Усогласеност со целите на проектот (40 поени)
4. Искуство и препораки (10 поени)

Евалуација и избор:

  • Детална евалуација според сите поставени критериуми за оценување.
    • Посети на локации и/или интервјуа со апликантите.
    • Конечниот избор се базира на добиените бодови според критериумите.
    • Добитниците потпишуваат договори и започнуваат со имплементација.

Рок за поднесување на целосна апликација: 30 ноември 2025

Начин на аплицирање: Печатена верзија на Формуларот за апликација и потребните документи да се поднесат во Канцеларијата на проектот во Општина Ресен на следната адреса:

До УНДП

Плоштад Цар Самоил бр. 20

7310 Ресен

Или преку електронска пошта на следните е-маил адреси:

marijana.milevska@undp.org и

goce.bogoevski@undp.org

Договор за грант и имплементација

Грантистите ќе овозможат на УНДП да ја прегледува и следи имплементацијата на грантот, неговото работење, како и сите релевантни записи и документи, и да им доставуваат на УНДП сите информации што УНДП разумно ќе ги побара во врска со спроведувањето на грантот. УНДП е одговорен за спроведување на проверки и ќе организира надзор.

Грантистот е должен да го спроведува грантот согласно предлогот и одредбите од договорот за грант. Не се дозволуваат значајни измени на избраните предлози. Сепак, доколку поради непредвидени пречки е потребна одредена измена во имплементацијата, ќе биде дозволена одредена флексибилност, но само со претходна писмена согласност од УНДП.

Избраните грантисти ќе потпишат договор за грант во кој ќе се договори планот за извршување. Со потпишувањето на договорот, грантистите ја прифаќаат одговорноста и отчетноста за:
• Спроведување на планираните активности и правилно користење на средствата;
• Извештај за реализацијата на планот за имплементација.

Имплементација и набавки

Во реализацијата на грантовите, УНДП ќе спроведе две набавки:

  1. Набавка на услуги за ревизија на основните планови, изработка на предмери и надзор на работите за грантистите,
  2. Набавка на градежни работи за реализација на грантовите.   

Видливост

Грантистите ќе користат заеднички визуелен идентитет за да им обезбедат насоки на корисниците, со цел да се осигура дека придонесот на Европската Унија во поддршката на проектот е широко препознатлив. 

Временска рамка

УНДП ќе спроведе јавен и конкурентен процес за избор на грантисти за сместувачки капацитети во регионот на Преспа, кој ќе се реализира според следниот планиран временски распоред:

Предложените датуми се индикативни, и УНДП си го задржува правото да ги прилагоди доколку е потребно.
АктивностИндикативен датум
Објава на Повик за изразување на интерес30 јуни 2025
Инфо Ден 115 јули 2025
Рок за поднесување на Изразување на интерес30 јули 2025
Избор на апликанти за поднесување целосна апликација30 август 2025
Поднесување на целосна апликација30 ноември 2025
Инфо Ден 215 септември 2025
Избор на апликанти и потпишување договори за грант15 декември 2025 

 

УНДП се залага за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и за поддршка на младите луѓе. Поради тоа, проектот ќе работи на промоција на родовата еднаквост и зајакнување на жените и младите даватели на туристички услуги преку програми за развој на капацитети и обуки, како и преку финансиска поддршка за жените претприемачи во туризмот и младите даватели на туристички услуги.

Програмата за одржлив туризам во Преспа се реализира во рамките на проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Документи како дел од овој повик се:

 


[1] Рурално подрачје се смета целата територија на Општина Ресен што се наоѓа надвор од Генералниот урбанистички план.


 


[i] Консолидираниот текст на Законот за туристичка дејност вклучува:
• Оригиналниот текст на Законот, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 62/04,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 89/08,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 12/09,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 17/11,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 47/11,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 53/11,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 123/12,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 164/13,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 27/14,
• Законот за изменување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 116/15,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 192/15,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 53/16,
• Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 31/20.

Консолидираниот текст исто така ги содржи датумите кога овие измени стапиле на сила и почнале да се применуваат.