Јавен повик - избор на корисници на проектот „Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан“

April 9, 2024

 

Врз основа на Проектниот документ - Активноста 2.2. Спроведување на иновативни програми за поддршка на започнување бизниси и продуктивни партнерства со локални бизниси на повратниците од Проектот „Зајакнување на националните и локални капацитети за подршка на ефективна социо - економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан“. Со цел започнување на сопствен бизнис во општините Прилеп, Штип и Шуто Оризари - Програмата за Развој на Обединети Нации (УНДП) распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на корисници на проектот „Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан“. Јавниот повик е отворен до 07 мај 2024 година.

 

  1. Основни информации 

 

Проектот „ Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан“ е дел од поддршката на Европската Унија (IPA II Multi-Country Action) за основните права на ромската заедница и реинтеграцијата на повратниците, која се реализира од Светската банка, УНДП и Советот на Европа, во Албанија, Северна Македонија и Србија. Општиот цел на проектот „ Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан “ (подоцна наречен Проект) е да го поддржи ефективното реинтегрирање на повратниците од Европската Унија (подоцна наречена ЕУ), со посебен фокус на Ромите, додека специфичната цел е засилување на капацитетите на властите на Западен Балкан на централно и локално ниво за имплементација на успешни политики за реинтеграција на повратниците и ефикасни одговори на потребите на ранливите категории. Проектот поддржува развој и имплементација на стратегии за реинтеграција на локално ниво кои промовираат иновативни и одржливи решенија за реинтеграција на повратниците. Еден од инструментите за поддршка кој го имплементира УНДП во Северна Македонија е поддршка за отпочнување на сопствен бизнис и вработувања преку поддршка за набавка на опрема, материјали и/или трговска стока, менторска и бизнис поддршка на повратниците кои сакаат да започнат сопствен бизнис. 

Поддршката се реализира од страна на УНДП во соработка со локалната самоуправа и локалните партнерски НВО, во општините Прилеп, Шуто Оризари и Штип. Со овој повик се повикуваат да учествуваат невработените лица дефинирани во точка три од повикот кои се регистрирани во центрите за вработување Прилеп, Штип и Град Скопје. 

 

2. Предмет на Јавниот повик

 

Предмет на јавниот повик е поддршка на повратниците, со фокус на Роми, но и на другите припадници на ранливи (или тешко вработливи) категории. Јавниот повик е отворен за следното: 

Поддршка за отпочнување на сопствен бизнис од страна на корисниците на Проектот, што вклучува обука за претприемништво и бизнис планирање и изработка на бизнис план.

 

За оваа поддршка ќе биде обезбедена:

  • Обука за претприемништво и бизнис планирање
  • Изработка на Бизнис План 
  • Менторска поддршка пред и по регистрацијата на правниот субјект
  • поддршка за набавка на опрема, материјали и/или трговска стока, во максимална вредност од 6.000 ЕУР, за отпочнување со сопствен бизнис и до 2.500 ЕУР по дополнително вработено лице во новооснованата компанија. 

Набавките ќе се реализираат од страна на УНДП врз основа на наведената опрема, материјали и/или трговска стока во селектираниот бизнис план на корисникот.

 

  1. Корисници 

Корисниците на проектот се невработени лица повратници (изјава за припадност во категоријата повратници) со предност на припадниците од Ромската заедница.  Покрја оваа целна група, со ово повик, се повикуваат и припадниците на тешко вработливи категории, и тоа:

  • Невработени лица припадници на Ромската заедница
  • Невработени млади лица до 29 години
  • Невработени лица со попреченост
  • Невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години
  • Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
  • Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години

 

  1. Услови за учество во Јавниот повик
  2.  

Право на поддршка во рамките на Проектот и овој Јавен повик имаат сите апликанти, според условите и критериумите утврдени со овој јавен повик. Право на поддршка за започнување на бизнис имаат повратниците, со фокус на Роми и припадници на други тешко вработливи групи од општина Прилеп, Шуто Оризари/Град Скопје и Штип. Корисниците имаат обврска да регистрираат сопствен бизнис и да се самовработат. Даноците и придонесите мораат да ги плаќаат најмалку две години по датумот на регистрацијата на компанијата во Централен регистар на Република Северна Македонија.

 Од учесниците во јавниот повик се очекува:

  • да учествуваат во обуките за претприемништво и бизнис планирање;
  • активно да се вклучат во процесот на изработка на бизнис план;
  • да обезбедат услови за вршење на планираната дејност (објект/простории), односно да регистрираат претпријатие/фирма за започнување на сопствениот бизнис и да се самовработат.
  • да учествуваат во програмата за менторство и да ги применуваат советите добиени од менторите;
  • да ги подмируваат обврските поврзани со плати и осигурување од работен однос во пориод од две години од моментот на регистрација на сопствена компанија
  • да не ја отуѓат, издаваат под закуп или префрлат на трето лице предметот на оваа поддршка (освен трговската стока која е предмет на понатамошна продажба) во период од 2 години од денот на испорака, и да го користат наменски;

 

Проектот може да ги повлече назад доделениот предмет на поддршката во случај на неспроведување на условите од овој Јавен повик од страна на корисниците.

 

  1. Процес на селекција 

 

Селекцијата ќе се изврши од страна на Комисија за селекција составена од: претставници на УНДП. Во работата на комисијата за селекција може активно да се вклучат претставници на општините без право на одлучување. 

 

Комисијата ќе изврши селекција од пријавените кандидати во два чекори, на следниот начин:

Чекор 1

Врз основа на поднесените апликации и наведените критериуми, комисијата ќе изврши пред-селекција на пријавените корисници и ќе ги упати на обука за претприемништво и бизнис планирање. Обуките ќе бидат организирани од страна на УНДП во соработка со општините.

На сите апликанти кои ќе го завршат процесот на обука ќе им биде доделен советник за изработка на бизнис план кој ќе биде предмет на евалуација од страна на посебна експертска комисија за евалуација;

 

Чекор 2

Врз основа на ранг листата добиена од страна на експертската комисија, комисијата за селекција  ќе изврши избор на корисници кои ги исполнуваат критериумите за поддршка од проектот и врз основа на утврдениот број на поени ќе состави конечен список на корисници за поддршка. Конечниот список на кандидати со оценети бизнис планови ќе се објави на веб страната на УНДП и на огласните табли во општините. 

 

  1. Потребна документација за пријавување на Јавниот повик

 

Потребната документација за поднесување на Пријава на Јавниот повик за избор на корисници вклучува:

  • Согласност за обработка на лични податоци;
  • Пополнет апликативен формулар;
  • Изјава за статусот повратник;

 

 

  1. Критериуми за предселекција

Изборот на корисници за учество на обуки за претприемништво и бизнис планирање (предселекција) ќе биде спроведен врз основа на следните критериуми: 

Листа на бодови 
КритериумиВкупен број на бодови 100 
1. Дејност во која се планира отпочнување на сопствен бизнис 50
Производство50
Услуги30
Трговија10
2. Целна група30
Лица кои се Роми и повратници30
Повратници од друга етничка припадност20
Невработени лица Роми15
Припадници на други ранливи категории10
3. Жени10
Жена10
4. Млади до 29 години10
Млад до 29 години10
Друго0
    

 

  1. Критериуми за конечна селекција

Врз основа на добените бодови од експертската комисија за евалуација на бизнис планови, комисијата за селекција ќе изготви конечна ранг листа на корисници.  Бројот на корисници кои ќе бидат поддржани за понатамошно учество во проектот ќе се определи врз основа на превидениот опфат и расположливите средства од Проектот.

 

  1. Начин на пријавување и рок за поднесување на апликациите 

 

Поднесувањето на Апликативниот формулар и потребната документација се врши електронски на следнта адреса: dragan.ristovski@undp.org

 

За време на јавниот повик претставници на проектот во трите општини ќе организираат инфо сесии за запознавање со правата и обврските на заинтересираните кандидати.

 

Сите заинтересирани лица/кандидати кои имаат потреба од техничка подршка за поднесување на апликација можат да се обратат до соодветните партнерските невладини организации наведени во табелата:

 

ИРИЗ  Шуто Оризари Хаџи Јован Шишко бр.36iriz.org@gmail.com070 324 827
Романо ЧачипеШуто Оризари Виничка бр.28,romanocacipe@yahoo.com075 955 888
Станица ПЕТПрилеп ул. Прилепски Бранители бр.24/1, мезанин,stanicapet@gmail.com075 748 009
Рома ПерспективПрилеп Круме Волнароски бр.115,romaperspective@gmail.com078 263 751
Фондација за развој на локалната заедница ШтипШтипСтрашо Пинџур бр.66-1/1,info@frlz.org.mk075 496 771
ВиридисШтипСтрашо Пинџур бр.66zoko.ivanov@gmail.com072 205 639
НВО Коалиција СЕГА Прилеп 

Цар Самоил бр. 18

7500 Прилеп

infosega@infosega.org.mk070 308 746

 

РЕДИ (Нергин Сејфовски)

Скопје office@redi-ngo.eu076 805 651

 

 

Потребните документи за пријавување на овој повик може да ги најдете на линковите: