Јавен повик до здруженија на граѓани и приватни установи за вон-семејна социјална заштита на стари лица
April 2, 2024
Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во домот и заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) година се објавува:
Јавен повик до Здруженија на граѓани и приватни установи
за вон-семејна социјална заштита на стари лица
Се повикуваат сите заинтересирани постоечки Здруженија на граѓани и приватни установи за вон- семејна социјална заштита на стари лица (приватни старечки домови) кои имаат желба и мотив да станат или да ги прошират своите капацитети како даватели на социјални услуги во домот и заедницата, да се пријават во надлежните Центри за вработување за оваа мерка.
Пријавувањето се врши преку пополнување на овој апликативен формулар.