Јавен повик до граѓански организации за поднесување предлог-проекти за доделување на грантови од мала вредност
January 27, 2025

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија објавува Јавен повик за граѓански организации регистрирани во Северна Македонија да достават предлог проекти кои би придонеле кон промовирање на транзициската правда, социјална кохезија и заштита на човековите права во насока на градење доверба, поддршка на заедниците и иницирање мултиетнички конструктивен дијалог.
Јавниот повик се објавува како дел од регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП. Со проектот се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово*.
Поконкретно, во Северна Македонија, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи преку обуки и стручна поддршка, како и на активности за подигнување на јавната свест за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето. Ова се остварува особено преку тесна соработка со граѓанските организации кои активно работат на овие прашања, со што се поттикнува нивната улога и нивното влијание како клучни актери во овие процеси.
Во овој контекст, се објавува повик за предлог-проекти насочени кон подигнување на јавната свест и поттикнување дијалог и размена помеѓу различни засегнати страни, со фокус на младите и идните носители на јавното мислење, кои преку застапување и активизам ќе придонесат кон промовирање на помирувањето, меѓуетничкиот дијалог и справувањето со предизвиците од минатото.
Избраните проекти ќе добијат поддршка преку грантови од најмалку 5.000 евра до максимум 35.000 евра. Финансиските средства за поддршка на механизмот за регрантирање за Северна Македонија изнесуваат 70.000 евра и истите ќе бидат распределени врз основа на конечната одлука на Регионалната комисија за избор, на максимум 3 предлог проекти.
Краен рок за процесот на аплицирање е 27 февруари 2025 (четврток).
Повеќе информации за условите за поднесување на предлог-проектите и критериумите за избор, како и формулари за аплицирање се достапни на следните линкови:
- Јавен повик за поднесување предлог-проекти
- Водич за поднесување предлог-проекти
- Формулар за предлог-проект
- Формулар за буџет
- Изјава за непостоење двојно финансирање
- Договор за партнерство
Јавниот повик и придружните документи на албански јазик се достапни на следните линкови:
- Thirrje publike për organizatat e shoqërisë civile që të dorëzojnë projekt propozime
- Udhëzues për dorëzimin e propozimprojekteve në thirrjen e parë publike për organizatat e shoqërisë civile
- Propozimprojekti
- Propozimbuxheti
- Deklaratë për financim të dyfishtë
- Marrëveshja e Partneritetit
Јавниот повик и придружните документи на англиски јазик се достапни на следните линкови:
- Public call for project proposals
- Guidelines for applying
- Project proposal
- Budget proposal
- Declaration of absence of double financing
- Declaration of partnership
Сите потребни документи треба да се поднесат на следната е-пошта: katerina.tasevska@undp.org.
По поднесувањето на предлог-проектот, секој апликант ќе добие потврда за прием на апликацијата. Доколку не добиете потврда во рок од 2 работни дена, ве молиме контактирајте нè повторно.
Резултатите ќе бидат објавени на: https://www.undp.org/north-macedonia.
Овој јавен повик е објавен како дел од вториот циклус на распределба на грантови од мала вредност во рамките на регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП.
*За Европската Унија, оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за прогласувањето независност на Косово. За УНДП, сите референци за Косово се подразбираат во контекст на Резолуцијата 1244 (1999) на Советот за безбедност.