Повик до граѓански организации за учество во Програмата за одржлив туризам во преспанскиот регион

June 26, 2025
A lone rower paddles across a tranquil, golden-hued body of water at sunset.

 

Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“ е фокусиран на одржливо управување и користење на природните ресурси во преспанскиот регион, со цел подобрување на квалитетот на живот и економски развој преку нови „зелени“ патеки во земјоделството и туризмот. Во рамки на проектот, ќе се обезбедат активности за градење на капацитети и финансиска поддршка за заинтересираните страни за: проширување и/или подобрување на сместувачки капацитети, развој и маркирање на патеки за велосипеди и пешачење, промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, проширување на постоечки или отворање на нови сместувачки капацитети и развој на нови или унапредени туристички производи поврзани со заштитени подрачја (Националните паркови Пелистер, Галичица, Езерани, Преспанското Езеро) и руралните заедници во нивна близина.

Програмата за одржлив туризам во преспанскиот регион ќе се фокусира на надминување на идентификуваните предизвици во туризмот преку следните компоненти:

I. Градење на локални капацитети за одржлив туризам. Поддршката ќе ја зголеми стручноста и капацитетите на граѓаните во Преспа, со што ќе се генерираат дополнителни приходи за семејствата и малите бизниси. Проектот ќе спроведе програма за градење капацитети на заинтересираните страни, која ќе опфати теми како:

  1. Водење сопствен бизнис како туристички услужувач и раководење со сместувачки капацитети (преноќишта, мали хотели);
  2. Маркетинг и грижа за клиенти за мали бизниси во туризам;
  3. Развој на нови туристички производи.
    Избрани консултанти ќе обезбедат и менторска поддршка на корисниците при спроведување на активности.

II. Директна финансиска поддршка за одржлив еко-туризам

Финансиската поддршка ќе ги надополни активностите за градење капацитети и ќе биде наменета за: проширување и/или подобрување на сместувачките капацитети, развој и маркирање на велосипедски и пешачки патеки, промоција на обновлива енергија и енергетска ефикасност, развој на нови или унапредени производи поврзани со заштитени подрачја (Националните паркови Пелистер, Галичица, Езерани, Преспанското Езеро). Потребни се минимум 25% кофинансирање од локалните корисници. Просечниот грант по апликант ќе биде во износ од 20.000 до 30.000 евра.

Цели и резултати од проектот

Проектот ќе овозможи промоција и диверзификација на одржливи туристички производи преку:

Зголемени капацитети на домаќинства, даватели/оператори на туристички услуги, управувачи со заштитени подрачја и граѓански организации. Ова ќе биде постигнато преку обуки за одржлив туризам и директна финансиска поддршка за спроведување на еко-туристички иницијативи.

Клучни индикатори за развој планирани да се постигнат со целосната Програма за одржлив туризам во преспанскиот регион ќе се мери рпреку следните главни индикатори: 

  • Дополнителни километри на велосипедски/пешачки патеки
  • Број на поддржани даватели на услуги/сместување  и традиционални куќи
  • Број на нови туристички производи

Потенцијални корисници на Грантовата шема за Производи за одржлив туризам  

Потенцијални корисници се граѓански организации (ГО) регистрирани и оперативни во преспанскиот регион (на територија на Општина Ресен)

Грантова шема

Проектот ќе доделува грантови за нови или надградени производи за одржлив туризам во износ од 20.000 до 30.000 евра по апликант, со најмалку 25% кофинансирање. (вкупен фонд: макс. 150.000 ЕУР)

Подобна дестинација 

Сите туристички производи во рамки на овој повик мора да се реализираат исклучиво на територија на Општина Ресен. 

Времетраење

Секој поддржан проект треба да се реализира во рок од 12 месеци од потпишување на договорот. 

Постапка за аплицирање, процес на имплементација со вклучени клучни одговорности и временска рамка

Аплицирањето за одржливи туристички производи ќе биде едностепена постапка, преку поднесување на целосен проектен предлог.      

Потребни документи за аплицирање  

  • Проектен предлог: Опис на проектот вклучувајќи ги целите, активностите, очекуваните резултати и план за одржливост
  • Буџет: Сеопфатен буџет кој ги прикажува вкупните трошоци на проектот, вклучувајќи го и кофинансирањето од 25%.
  • Доказ за регистрација: Законска документација со која се докажува регистрацијата и работењето на граѓанската организација во преспанскиот регион.
  • Искуство: Документација за претходно искуство во туризам или сродни области
  • Усогласеност: Демонстрација на усогласеност со релевантните правни, еколошки и безбедносни стандарди.

Критериуми за евалуација

  • Релевантност на проектот: Усогласеност со целите на Програмата за одржлив туризам – 20%
  • Изводливост: Практичност и остварливост на предложениот проект – 20%
  • Влијание: Потенцијално позитивно влијание врз локалната заедница и животната средина – 30%
  • Одржливост: Долгорочна одржливост на проектот – 30%
  • Кофинансирање: Достапност и подготвеност на апликантот да обезбеди потребно кофинансирање

Краен рок за аплицирање 

14 август 2025 

Начин на поднесување на апликацијата: Во печатена форма во Проектната канцеларија на УНДП во Општина Ресен, на следната адреса: 

До УНДП
Плоштад Цар Самоил бр. 20
7310 Ресен

Или преку е-пошта на следните адреси:
marijana.milevska@undp.org 
goce.bogoevski@undp.org 

Договор за грант и спроведување

Избраните корисници ќе потпишат договор во кој ќе биде утврден планот за спроведување. Грантистите ќе бидат одговорни за:

  • Спроведување на планираните активности и правилно користење на средствата
  • Поднесување извештаи за напредокот на спроведувањето

УНДП ќе врши мониторинг на реализацијата на грантот и ќе спроведува мисии за надзор по потреба.        

Видливост

Грантистите ќе користат заеднички визуелен идентитет за промоција на проектните активности со цел да се обезбеди видливо и јасно препознавање на поддршката од Европската Унија. 

Временска Рамка

УНДП ќе спроведе јавен и конкурентен процес за избор на добитници на грантови за одржливи туристички производи во Преспанската област, спроведен во следниот планиран временски рок:

Предложените датуми се индикативни, а УНДП го заслужува правото да ги измени доколку е потребно.
АктивностИндикативен датум
Објава на Повикот за одржливи туристички производи30 јуни 2025
Инфо Ден 115 јули 2025
Краен рок за поднесување на апликации за одржливи туристички производи14 август 2025
Избор на апликанти15 септември 2025 

УНДП се залага за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и поддршка за младите. Затоа, проектот ќе работи на промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените и младите туристички даватели на услуги во програмите за градење капацитети и обука, како и финансиска поддршка за жените даватели на туризам и претприемачки, како и за младите даватели на туристички услуги.

Програмата за одржлив туризам во Преспа се спроведува во рамките на проектот ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Документи кои се дел од овој повик: