Прв повик за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти

April 19, 2023

 

Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ ги поканува општинитe и центрите за развој на планските региони да поднесат барања за обезбедување на финансиска помош во изработка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамки на Фондот за техничка документација. Проектот и повикот ги спроведуваат УНДП и Бирото за регионален развој

Барањата да се достават електронски на следната E-mail адреса: bmcpi@undp.mk најдоцна до 18 мај 2023 год. При поднесувањето на електронските барања ве молиме користете го следниот наслов на E-mail пораката:

Фонд за техничка документација: Барање за финансиска поддршка за техничка документација од страна на (да се наведе името на општината или центарот за развој на планскиот регион

Барањето треба да се поднесе во PDF формат. Максималната големина на прикачените документи не треба да надминува 20 MB. Барањето треба да е валидно најмалку 90 дена од крајниот рок за поднесување на барањата. Барањето се пополнува на македонски јазик

ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите потребни за аплицирање може да ги симнете со кликнување на следните линови:

Сите прашања поврзани со повикот, заинтересираните страни може да ги испратат единствено на bmcpi@undp.mk.    

Дополнително, споделуваме три групи прашања кои ги добивме во однос на јавниот повик, како и одговорите на овие прашања. 

Прашања и одговори - Прва група

Прашања и одговори - Втора група

Прашања и одговори - Трета група

Прашања и одговори - Четврта група

Прашања и одговори - Петта група

Избраните општини / центри за развој на планските региони ќе потпишат соодветни договори според кои ќе ја преземат одговорноста за реализација на грантовите. За таа цел средствата од грантовите ќе им бидат префрлени од страна на УНДП.

УНДП и Бирото за регионален развој го задржуваат правото да ги изменат барањата на повикот, меѓу другото, како одговор на прашањата од потенцијалните баратели. Доколку промените резултираат со потреба од дополнителна работа од страна на потенцијалните баратели, или истите се прават непосредно пред крајниот рок за поднесување на барањето, УНДП и Бирото може да дозволат продолжување на рокот за доставување на барањата за грант.

Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Шведска и Бирото за регионален развој.