Во тек се јавните повици за поднесување предлог проекти од страна на граѓански организации во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Повиците ќе бидат отворени во седум партнерски општини од втората фаза на ReLOaD, и тоа: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Куманово и Охрид. Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество, со цел негово активно учество во процесот на носење одлуки.
Во продолжение се линковите до објавените огласи по општина.
Следете ја оваа страница, бидејќи во наредните денови тука ќе бидат објавени јавните повици и за останатите општини. Нашите одговори на најчесто поставуваните прашања можете да ги превземете тука во PDF формат.