Конкурс за ангажирање на експерти за изработка на Националната стратегија за млади 2023-2027

September 7, 2022

 


Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) подготвува Национална стратегија за млади за периодот 2023 – 2027 година.

Процесот на подготвување на стратегијата опфаќа онлајн консултатитивни процеси, како и организација на настани и тематски работни групи во периодот од октомври до декември 2022 година. Во процесот ќе бидат вклучени сите засегнати страни за младински политики: државни институции, младински организации, образовни установи, донаторска заедница и локална самоуправа.

За изработката на Националната стратегија за млади ќе се ангажираат 10 експерти. Деталниот опис на задачите и условите за аплицирање се наведени во линковите во прилог.  

  • Водечки експерт (ЛИНК за аплицирање) 
  • Сениор експерт (ЛИНК за аплицирање)
  • Тематски експерт за младинско учество (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за младинско информирање (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за младинска работа (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за образование (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за култура (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за здравје (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за претприемништво и поддршка пред вработување (ЛИНК за аплицирање) 
  • Тематски експерт за безбедност (насилство) (ЛИНК за аплицирање) 

Рокот за аплицирање е 16-ти септември 2022 година.

Аплицирањето за секоја соодветна позиција се прави преку ЛИНКОТ наведен до таа позиција. Ангажманот на лицата ќе се реализира преку соодветната организација наведена во огласот односно УНДП, ОБСЕ или УНФПА.