Повик за домаќинства од Скопје за инсталација на инвертери

Posted June 20, 2022

Со цел подобрување на квалитетот на воздухот, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објавува Повик за домаќинства од Скопје кои се корисници на финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година која ја доделува Министерството за Економија, да инсталираат нови енергетско-ефикасни грејни тела - клима уреди (инвертери).

Овој повик се спроведува со соработка со Министерство за Економија.

Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Шведска преку проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”.

Анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во Скопје покажува дека согорувањето на биомаса останува најголемиот поединечен извор на загадување на амбиенталниот воздух, а поради специфичната временска дистрибуција, тоа е главниот двигател на појавата на случаи на големо загадување во текот на зимскиот период.

Дополнително на ова, енергетската криза со која се соочуваме на глобално ниво се повеќе се продлабочува и бара брза реакција и одговорно однесување од страна на сите чинители, а тоа значи што поголема заштеда на енергија и што поголема енергетската ефикасност.

ЗА ТАА ЦЕЛ УНДП ОБЈАВУВА ПОВИК НА КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ДОМАЌИНСТВА КОИ:

  • како извор на загревање на домаќинствата користат:
    • печки на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад
    • стари енергетско-неефикасни уреди - термоакумулациони печки, панели, калорифери и сл., кои го оптоваруваат енергетскиот систем
  • се приматели на финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година од Министерство за Економија
  • ги исполнуваат останатите услови од повикот и се согласуваат со истите

КОЛКУ ДОМАЌИНСТВА ЌЕ БИДАТ ПОДДРЖАНИ?

Преку повикот предвидено е да се поддржат околу 150 домаќинства. Бројот на поддржани домаќинства може да се промени согласно висината на расположливите средства. 

КОЈА Е ПРИОРИТЕТНА ГРУПА ЗА ПОДДРШКА?

Домаќинства од Скопје кои се корисници на финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година која ја доделува Министерството за Економија. Предност ќе се даде прво на групата од петочлени семејства (дефинирани согласно повикот на Министерството за Економија). По исцрпување на листата на кандидати од таа група предност се дава на групата од четричлени семејства, па тричлени итн.

Одреден број на домаќинства може да бидат предмет на енергетска инспекција за да се утврди начинот на загревање. Доколку се утврди за соодветно, по случаен избор ќе се изврши увид во домаќинствата кои добиле поддршка, со цел да се утврди дали инсталираните инвертери се користат во текот на грејната сезона.

КАКО ЌЕ БИДАТ ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВАТА?

Поддршката обезбедена од страна на проектот ќе биде насочена за набавка и инсталација на грејното тело, а не како директни финансиски трансфери на избраните домаќинства. 

УНДП работи според строго утврдени правила и процедури за набавки и не дава предност на фирми, марки или брендови, кои евентуално би биле фаворизирани од страна на домаќинствата.

КОИ ДОКУМЕНТИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ?

  1. Целосно пополнета пријава.
  2. Копија од лична карта на кандидатот.
  3. Доказ дека домаќинството е корисник на финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година. (Документот ќе биде обезбеден од страна на Министерството за Економија).
  4. Пополнети и потпишани изјави и согласности:
  5. Ако се работи за згрижувачко семејство, самохрани родители или домаќинство во кое има инвалидно лице – да се достави доказ за истите. (Овие документи ќе бидат дополнително доставени од страна на апликантите).

КОИ СЕ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ДОМАЌИНСТВАТА?

Доколку се пријават поголем број домаќинства од бројот на домаќинствата за кои има средствата да се набават клима уредите, пријавите на домаќинствата ќе бидат оценувани согласно следниве  критериуми:

  • Системот за загревање (15 поени)
  • Деца и повозрасни/стари лица во домаќинство (15 поени)
  • Родова еднаквост и други социјални критериуми (20 поени) 

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ПРИЈАВАТА?

Пријавата и сите дополнително објавени информации за повикот може да се најдат во УНДП и Министерството за Економија.

КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВАТ ДОКУМЕНТИТЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ?

Сите документи потребни за пријавување се доставуваат во Министерство за Економија.

КОЈ Е КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ?

Крајниот рок за пријавување е 24 Јуни 2022 година.

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УСЛОВИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ НА ОГЛАСОТ?

За подетални информации за повикот ве молиме обратете се на телефон: 02 3249 580 во периодот од понеделник до петок помеѓу 12:00 и 14:00 часот или на е-mail: marija.krstevska@undp.org.