Јавен повик до Приватни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица

May 25, 2023

Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство  со  УНДП (Програма за развој на Обединети Нации),  на ден  22.05.2023 година се објавува:   

Јавен повик до Приватни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица

Се повикуваат сите заинтересирани Приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица кои имаат желба и мотив да станат даватели на социјални услуги во домот и заедницата да аплицираат на јавниот повик за мерката 7.2- Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата. Аплицирањето се врши преку доставување на следните документи на е- маил адресата rabotaimoznosti.mk@undp.org 

  • Пополнет Апликационен формулар кој може да го симнете на следниот линк 
  • Решение од Централен регистар на РСМ 
  • Годишна програма за работа 
  • Статут на Здружението на граѓани
  • Завршна сметка од 2022 година.

Со оваа мерка се овозможува поддршка на Приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица во создавање на одржлив и успешен давател на социјални услуги преку:

-              Обезбедување на обучени и квлификувани даватели на социјални услуги (негователи/асистенти) преку 3 месечни стручни обуки;

-              Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги (негователи/асистенти) во износ од 30 780 (бруто) денари во период од 10 месеци;

-              Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување во висина од 3500 денари по краен корисник како еднократен надоместок;

-              Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес преку експерти од сверата на социјалната заштита и бизнис консултанти; 

Детални информации за мерката може да добиете на следниот линк, како и на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org или кај одговоронотo лице за мерката.

Одговорно лице за мерката: Викторија Нешковска - viktorija.neshkovska@undp.org; 071 329 534